КУЛТУРА

ВО ТЕАТАР СЕНКИ И ОБЛАЦИ: Малиот принц низ сенки ќе допре до децата

Денес со почеток од 19:00 на првата и од 20:00 на втората претстава ќе се одигра Малиот Принц – детска претстава со сенки во Театарот Сенки и облаци.

Се работи за приказната за едно мало суштество кое му се појавило на Сент-Егзипери кога бил заглавен во Сахара, и кое му ја раскажало сагата за неговите егзотични патувања во потрага по вистината, од моментот кога го напуштил неговиот сопствен мал астероид и ги посетувал другите, сѐ додека не стигнал на Земјата. Токму лисицата која сакала да биде припитомена е таа која ќе го подучи дека мора да се врати онаму од каде што дошол и таму да ја најде среќата и смислата на животот кои ги оставил зад себе.

На 06-ти април во 1943 година била објавена „Малиот принц“, една од најпознатите книги на сите времиња која е инспирација за многу уметности. Во таа чест, 80 години од објавувањето на „Малиот принц“ екипата на Театар Сенки и облаци ќе ја игра претставата викендов.

Театар Сенки и облаци е формиран 2008-ма година и оттогаш работи континуирано. Станува збор за мала екипа сенкаши која од далечната 2005 година ненаситно создава претстави со сенки наменети за големи и мали деца. Од 2017година има свој дом – самоодржлив независен простор (театар) во срцето на Дебар Маало, кој располага со сцена за настани од мал формат и изложбен простор отворен за сите заинтересирани организации и индивидуални уметници. Оваа екипа уметници има мисија да создаде мобилна и независна театарска платформа која преку стариот медиум ќе истражи нови начини на изразување и ќе допре до публиката надвор од институционалната уметност. Додека бара нови алатки, звуци и сенки, театарот бележи бројни соработки со визуелни уметници и изведувачи од други бранши, како и значајни гостувања во Турција, Бразил, САД, Русија, Грузија, Шпанија, Германија, Холандија, Франција, Грција, Србија итн.

„Во екипата на театарот во моментов сме петорица, од кои тројца професионални актери (Круме, Александра, Дарко), Родне е со ликовна академија и Катерина е книжевник. Бидејќи сме мала екипа, секој од нас е вклучен во сите процеси во спремањето и изведбата на претставите“- вели Круме Стефановски од Театар Сенки и облаци.

Бидејќи капацитетот на просторот не е многу голем, тие во еден ден поставуваат и по две – три изведби на една претстава.

„Од пред пет години имаме свој простор наменет за проби и изведби. Се наоѓа во Дебар Маало, на улицата Мирослав Крлежа, на стотина метри пред Министерство за Култура. Капацитетот е за 30-35 луѓе публика, и во тој мал и топол простор имаме можност да ги оживееме нашите сенки“ – раскажува Круме Стефановски, Театар Сенки и облаци

Низ годините досега имале можност да играат за скопската публика, да играат низ најмалку десетина градови низ Македонија, како и да посетат големи фестивали во Кина, Бразил, Русија, неколку земји во регионов и Европа.

Како што велат оттаму, на нивна среќа, секаде има интерес за овој вид на уметност. „Па така освен да бидеме гости на многу фестивали, имаме можност да бидеме домаќини на многу театри на нашиот Интернационален детски театарски фестивал за игра со сенки “Сонот на облачето”. До сега сме биле домаќини на театри од Франција, Шпанија, Русија, Турција, Америка, Србија, Грузија, Италија, Бразил“…

Оваа година слават јубилеј, 10-то издание на фестивалот. „ Затоа наместо три дена во континуитет како минатите години, за јубилејот одлучивме да има настани преку цела година, и тоа не само во Скопје, туку и во други градови од Македонија. Освен претстави, ќе има работилници, изложби, музички перформанси… Се надевам на добра посетеност и убава енергија“- изјави Круме Стефановски од Театар Сенки и Облаци.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...