АКТУЕЛНО

ПРОМЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРКИНГ: Нема веќе користење иста картичка за повеќе возила, секоја регистрација ќе поминува на читач

До крајот на годинава јавното претпријатие Градски паркинг кое раководи со најголем дел на паркинзите во повеќе скопски општини, планира да воведе нови системи кои ќе обезбедат сигурност и побрз пристап до паркинг место.

Првично, треба да се воведат читачи на регистарските таблички, со што ќе се оневозможи користење на една картичка за повеќе возила, што е случај во моментов на речиси сите паркинзи со влезно-излезна рампа. На овој начин, сметаат надлежните, ќе се ослободат и повеќе места за паркирање возила, бидејќи сега возило на чија регистрација е издадена картичката стои на паркиралиштето, а картичката се користи за друг автомобил и се создава хаос. Ваквите читачи на корисниците кои имаат чип картичка или баркод ливче ќе им овозможи да им биде крената рампата и пред да ја покажат картичката или ливчето, со што ќе добијат побрз пристап до паркинг простор.

За да спречи неплаќање на паркинг услугите, како и за да обезбеди заштита на вработените и уништување на паркоматите, сите паркиралишта ќе добијат видео надзор, преку кој ќе се следи се што се случува на сите паркиралишта со кои стопанисува.

Повеќе паркиралишта ќе добијат и паркомати, со цел да се намали метежот при наплата пред шалтерите и побрз тек на сообраќајот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...