КУЛТУРА

Конкурс за илустрации на „Литера“

Фестивалот „Литера“ на конкурсот „Свет со љубов“ ќе откупува дела на пријавените илустратори, кој е отворен до 30 април. Сите заинтересирани може да се пријават со не помалку од две, а не повеќе од пет авторски дела.

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на современата уметност во Скопје.

„Од пријавените уметници ќе бидат избрани пет илустратори, а од секој од избраните фестивалот ќе откупи најмалку по едно дело. Нивните илустрации ќе бидат дел од годинашната изложба на која ќе учествуваат реномирани илустратори од регионот. Изложбата во октомври ќе биде поставена и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, известуваат организаторите.

Сите заинтересирани автори своите дела со куса биографија (на една страница) да ги пријават на имејл адресата: litera.festival@gmail.com со назнака: За конкурсот на „Литера“. Селекцијата ќе ја прави комисија, а победниците ќе бидат соопштени најдоцна до 10 мај.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

На сцената на НОБ ќе се изведе современиот балет „Сага“

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток...

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...

КУЛТУРА

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ денеска и утре ќе се...