ИНФО

ВО ЕДЕН ДЕН КАЗНЕТИ 140 ВОЗАЧИ: 39 за брзо возење и возење без дозвола

Мостот Гоце Делчев е едно од местата во главниот град каде постојано се создаваат тесни грла со возила.

Вчера во главниот град вкупно се изречени 140 мерки во сообраќајот.

Од изречените мерки, 39 се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се шест казни за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни, нерегистрирани возила и четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...