КУЛТУРА

ВИКЕНДОВ НА АВАНТУРА ВО ЧАРШИЈА

Дознајте за креативните занаети во историскиот дел на Скопје преку забавна гамифицирана активност создадена во рамките на проектот Чаршијата: галерија на занает и уметност поддржан од Europe House Skopje.

Две авантури „ Потрага по шапката на мајсторот Крон“ и „Звуците на чаршиските занаети“ во рамки на проектот Чаршијата: Галерија на занает и уметност поддржан од Europe House Skopje викендов ќе се одржат во Старата скопска чаршија.

Креатор и домаќин на овие невообичаени авантури ќе биде археологот м-р Василка Димитровска.

Потрага по шапката на мајсторот Крон ќе се одржи на 08.04.2023 (сабота) со почеток од 11-12:30 часот, со место на поаѓање од Музејот на старата скопска чаршија (Сули ан). Поради типот на активноста, групата е ограничена на 15 посетители. Учеството на ова игрифицирано искуство е бесплатно.

Во оваа интерактивна социјална едукативна активност учесниците ќе имаат можност  да дознаат повеќе за старите занаети кои со векови опстојувале во Старата скопска чаршија.

Сите учесници ќе добијат специјална рачно изработена мапа на историскиот дел од Скопје која интерактивно ќе биде проследена со тајни насоки, загатки, кодови и предизвици. Нивна задача ќе биде да ги поврзат сите овие детали како сложувалка, во една логичка целина со цел да го најдат решението и да ја вратат шапката на сопственикот.

Истиот ден од 13:00-14:30 часот, со место на поаѓање од Музејот на старата скопска чаршија (Сули ан) ќе се одржи втората авантура „Звуците на чаршиските занаети“.

Кога во минатото занаетчиите во Старата скопска чаршија ќе ги отвореле своите дуќани во раните утрински часови, подигнувајќи ја решетката на својот дуќан ќе се помолеле — за добар ден, за арно за убаво, за бериќатвасан. Повеќето од дуќаните во чаршијата денес веќе немаат решетки туку аларм, но многу веројатно е дека утринскиот ритуал на сите е еднаков исто како и во минатото. Преку грижливо креирана рута која опфаќа голем број од активните мајстори, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе информации за старите занаети кои со векови опстојува(ле)ат во Старата скопска чаршија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...