АКТУЕЛНО

АРСОВСКА САМА ОДИ И СЕ СЛИКА НА УВИД НА УЛИЦИ: Не вика новинари за да не ѝ поставуваат прашања

Градоначалничката Данела Арсовска година и половина откако е на функција се крие од новинарите и јавноста и не дозволува да ѝ се поставуваат прашања. Ниту еднаш до сега не викнала медиуми на увид на градежни работи на одредена сообраќајница.

Објавува дека некоја улица се копа и прави дури неколку недели откако ќе почнат градежните работи, па граѓаните не знаат дека на тој потег има ограничување за движење и времен сообраќаен режим. Од Град Скопје не испраќаат ниту соопштение да информираат дека се почнува со градежни работи.

Откако ќе почнат градежните работи Арсовска заедно со секретарот на Градот Зоран Глигоров, одат на увид и со себе носат уште пет-шест луѓе кои се дел од нејзиниот кабинет. На увидот градоначалничката ќе се прошета по улицата, фотографот кој го ангажирала ќе ѝ направи слики и потоа ќе ги објави на нејзиниот фејсбук профил со краток текст.

На пример улицата Рузвелтова кое е во центарот на градот и е доста фрекфентна почна да се копа на 15 февруари, а од Арсовска и Град Скопје немаше никаква информација. Арсовска објави дека улицата се прави, што се предвидува со проектот и колку време ќе траат градежните работи дури на 28 март, откако беше на увид и сама се сликаше.

Изминативе десет дена слики објави дека била на увид на улицата Васко Карангелески во Аеродром, Димо Хаџи Димов во Кисела Вода и Радишанска во Бутел. Покани за новинари немаше.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...