АКТУЕЛНО

ТЕПАЧКА КОЈ ДА ГО ВРАТИ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО: Советниците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ бараат да се стави во Општина Аеродром

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето треба да се постави во Општина Аеродром, сметаат советниците од Левица и ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината. На последната седница која се одржа во средата советниците на Левица доставија иницијатива за поставување на споменикот на Ќосето на територијата на општина Аеродром поточно во паркот во Горно Лисиче.

„Тој споменик без разлика која власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени“, стои во образложението на Левица

Ова нивно барање беше поддржано и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ, СПМ, Демократската партија на Србите во Македонија и Десница и со тоа иницијативата се прифати. Против гласале членовите на Советот од СДСМ, ВМРО-НП и НСДП.

„Левица и ВМРО-ДПМНЕ го бараат Ќосето, клучен симбол на режимот на Груевски во Аеродром. Сложни браќа и во петок мрсат. Дали е на повидок нова локална коалиција? Членовите на Советот од СДСМ, ВМРО-НП и НСДП гласаа против оваа иницијатива со порака наместо да не’ враќаат во темното минато на Груевски и Ќосето, ВМРО-ДПМНЕ и Левица нека се позанимаваат со решавање на реалните проблеми на граѓаните денес“, вели Милутин Ристески советник од СДСМ во Општина Аеродром.

Освен Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Ќосето сака да го врати и скопската градоначлничка Данела Арсовска. Таа уште пред еден месец испратила барања до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на Ќосето на истата локација од која беше тргнат.

Градоначалникот Горан Герасимовски  одговори дека барањето го доставила на погрешна адреса, односно дека треба согласнот да добие од Собранието бидејќи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, надлежностите за подигнување на споменици се наоѓаат во Собранието, додека Општините можат да подигнуваат спомен-обележја само за личности и настани од локално значење.

Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето со кама во раката пред комплекстот судови беше поставен во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...