ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

ДЕНЕС розовата полна месечина ќе биде најмоќна за четири знаци

Пролетта е особено убаво годишно време, а таа ни ја носи и полната Месечина. Оваа полна Месечина ќе биде во Вага, а ќе го осветли небото на 6 април. Позната е како розова полна Месечина која во нашите животи носи баланс и хармонија. Таа е прва полна Месечина во текот на пролетта.

Најзасегнати од розовата полна Месечина се овие знаци:

Овен

Многу работи се случуваат за Овните во текот на пролетта, а на 6 април вашиот фокус ќе биде насочен кон врските и љубовните односи. Ова е одличен момент да се поврзете со луѓето околу вас. Вие сте знак кој често се однесува како да ви е одлично и кога сте сами, но сега ќе посакувате љубов, а и лесно ќе наоѓате луѓе кои ви одговараат, благодарение на вашата самодоверба и харизма.

Рак

Раковите се управувани од Месечината, па така тие и најчесто се погодени од овој транзит. На 6 април, ќе бидете поттикнати да се поврзете со своите најблиски. Ќе посакате да најдете мир во домот и да го искористите тоа за да реновирате, средите во домот или пак едноставно да ги поканите своите сакани на вечера. За вас, ова е најголемо уживање.

Вага 

Оваа полна Месечина за вас ја зголемува потребата за поврзување, хармонија и баланс. Тоа се вашите омилени нешта. Сезоната на Овните ќе ви донесе нови пријателства и луѓе во вашиот живот, но сега фокусот се враќа кон себеси. Поминете ја оваа вечер со луѓе кои прават да се чувствувате добро.

Јарец

Полната Месечина ја осветлува вашата десетта куќа на јавен имиџ и репутација, а тоа ќе ја стави вашата работа на прво место. Сега е време да се насочите кон нови професионални потфати и да ги здружите силите со колеги кои размислуваат слично како вас. Ова е датум кој ви најавува големи успеси.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Месечината влегува во Бик: 3 хороскопски знаци очекуваат среќни вести

Месечината, планетата која ги опишува нашите чувства, денес влегува во Бик, каде...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп од 8. до 14. април

Ни претстои важна астролошка недела бидејќи нè очекува затемнување на Сонцето во...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АПРИЛ: Ретроградниот Меркур и затемнувањето на Сонцето во Овен носат хаос

Пред нас е предизвикувачки астролошки месец, бидејќи на 2 април нè очекува...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 30 март

Венера, планетата на љубовта, е силно во Риби, каде што носи возбудливи...