АКТУЕЛНО

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ БЕНЗИНСКА КАЈ БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ: Уставен суд го укина ДУП-от

На просторот кај базенот „Борис Трајковски“ во Карпош не смее да се гради бензинска пумпа. Уставниот суд денеска го укина Деталниот урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош. Со тоа не можат да се применуваат содржините кои беа нацртани со планот, кој беше изгласан во март лани и за кој градоначалникот Стевчо Јакимовски велеше дека мора да се донесе оти „Пуцко Петрол“ ќе ја тужи Општината.

Со ДУП-от на празниот простор пред ВИП Арена „Борис Трајковски“, паралелно со булеварот 8 Септември се предвидува бензинска пумпа, како и нова улица која ќе минува покрај терасата на базенот. Земјиштето за изградба на бензинската пумпа веќе е продадено на фирмата „Пуцко Петрол“.

Уставните судии утврдиле дека ДУП-от е неусогласен со Генаралниот урбанистички план (ГУП) бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

„Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП“, се вели во соопштението од Уставен суд.

Иницијативата за укинување на ДУП-от беше поднесена на 3 април 2022 од Наташа Шурбановска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...