СЦЕНА

ВО МАЛА СТАНИЦА: Промоција на фотомонографија и изложба на фотографии

Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена изложба на фотографии и ќе биде промовирана фотомонографијата „Лазороска“ од фотографот на Канон генерацијата во земјава Игор Цветковски. Ќе биде промовирана и преработката на народната песна Лазороска, посветена на Лазарополе.

Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фотомонографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.

Монографијата почнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе на авторот кој низ 100 страници и 64 пејзажни фотографии ги доловува природните убавини кога селото е сосема празно.

Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на младиот композитор Мартин Данчев.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...