ИНФО

ГАЗИ БАБА: Субвенции за уреди за течен гас, метан или друг вид гориво

Општина Гази Баба ги стимулира граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас и други алтернативни горива во возилата,со цел намалување на загадувањето на воздухот од возилата.

Општината на граѓаните ќе им врати до 50 % од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година. Јавниот повик е објавен на веб страната на Гази Баба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...