АКТУЕЛНО

Советниците не изгласаа да се мери квалитетот на воздухот кај Усје

Градските советници на последната седница не го усвоија предлогот од градоначалничката Данела Арсовска, во Скопје да се постави уште една мерна станица за мерење на квалитеот на воздухот. Градот побара од свој буџетски пари да набави и постави мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот во непосредна близина на фабриката ТИТАН Цементарница Усје АД Скопје.

Иницијативата за нова мерна станица, на булеварот Борис Трајковси ја поднесе советничката група на Левица до советот на Град Скопје. Образложението на овие советници беше дека Скопјани секоја година посебно во зимскиот период се соочуваат со енормни загадувања на воздухот што предизвикува сериозни последици по нивното здравје.

Целта, потенцираа советниците од Левица била јавно, транспарентно и во континуитет да се следи амбиентот и квалитетот на воздухот околу овој индустриски капацитет.

Пред крајот на минатата година државниот инспекторат за животна средина  градските инспектори извршија две вонредни контроли на овој потег и утврдија дека тој испушта во воздухот ПМ10 честички многу повеќе од дозволеното.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...

АКТУЕЛНО

Се разубавува дворот на училиштето „Никола Карев“ во Карпош

Во средното училиште “Никола Карев“ во општина Карпош, во рамките на проектот,...