МАГАЗИН

СВЕТОТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА: Фриленсер или работа од дома

„Лесна заработка од дома“, “Флексибилно време“, “Пари уште од првиот месец‘‘, ова се само неколку пораки на Интернет кои не залажуваат за “лесна“ заработка.

Сите ние како личности сакаме да заработиме “лесни“, но и “брзи“ пари, па оттука почнуваме да правиме грешки кои потоа може да не чинат многу. Сите ние имаме желба да работиме флексибилно, без да одиме некаде да работиме 8 часа, да може сами да си го одредуваме времето, да може сами на себе да си бидеме главни и одговорни.

„Пари за само 1 месец‘‘, „Заработи 1.000 евра од дома‘‘, „Флексибилно работно време‘‘, „Само еден час во текот на денот за плата како три месеци‘‘….. Ова се само неколку пораки кои секојдневно кружат на социјалните мрежи и не доведуваат во ситуација да почнеме да размислуваме дека тоа е навистина така. Но, како можеме да бидеме сигурни во тоа што ни го нуди Интернетот, дали навистина ќе го заработиме посакуваниот прилив, што доколку само го изгубиме нашето време, што доколку е лага?

Сите ние размислуваме секој ден за начинот на живот, за трошоците што ги имаме и за тоа како да заработиме доволна сума на пари потребни за живот. Додека бараме и чекаме одговор од компаниите во кои сме аплицирале за работа, размислуваме како да заработиме “лесни пари“. И токму кога ќе ни се појават ваквите реклами на интернет, почнуваме да пребаруваме, да се радуваме и надеваме дека ќе успееме и ќе се збогатиме со работа од дома за еден час.

Сепак, реалноста позади сите овие страници и пораки е тоа што заработката не е ни малку лесна, а во некои случаи и е нереална.

За да бидеме сигурни во тоа што сакаме и во тоа во што се впуштаме, треба прво убаво да истражиме, да знаеме конкретно што и како бара онлајн работодавецот од нас, па потоа и да се ја пробаме среќата. Реченицата “Што можам да изгубам“, некогаш нè чини многу, секогаш не размислувајќи навистина што би можеле да изгубиме и така на крајот губиме време,мотив и амбиција за понатамошна сигурна работа.

Заработката на интернет, покрај ‘онлајн игрите’ и ‘маркетинг страните’, сепак има мал процент во кој што навистина се заработуваат пари. Но, за да успееме по патот на технологијата во кој што сме одлучиле да тргнеме, најпрво треба убаво да истражиме, да знаеме како се заработува од интернет, да имаме многу поширок круг на пријатели, да имаме многу силен мотив за тоа што почнуваме да го работиме.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Како да создадете здрави животни навики

„Треба само да создадете здрави животни навики“, е реченицата која сите ја...

МАГАЗИН

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни...

МАГАЗИН

Зошто е добро да вдомите постаро куче

Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни...

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...