СЦЕНА

ПРОМОЦИЈА НА „ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ – ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ“ ВО БРУТАЛИСК

Промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла, во издание на Чудна шума утре во Бруталиск со почеток од 18:30 часот.
Промотори ќе бидат Ивана Васева и Влатко Галевски.
Ова е прва книга на авторката и всушност претставува адаптирана верзија на нејзината докторска дисертација, за која вели дека истражувала околу три години.
Нејзин омилен филмски град и е Мадрид, а во книгата ги има разработено градовите: Истанбул, Загреб, Сараево, Белград и Скопје.
Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини.
Од „Чудна шума“ објаснуваат дека  зголемениот интерес за просторно-идентитетските феномени ќе придонесе за интересот за урбанитетот и во македонската кинематографија, каде што урбаното најчесто е препознаено и анализирано како спротивност на руралното и фолклорното.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...