ИНФО

Лајка почна да заловува кучиња во Кисела Вода


Во досегашниот тек на неделата, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ беше на неколку локации во општина Кисела Вода за спроведување на најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Заловувачкиот тим ги посети следниве локации: ул. Христо Татарчев, фабрика Треска, Расадник, О.У. Круме Кепески, Тефериќ итн.

Во останатите денови од оваа работна недела заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе заловува во: Шампионче, 11 Октомври, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор.

Дел од заловените кучиња беа плашливи и недоверливи и беше потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето. Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка која е посебна хумана мерка  и не е толку стресна кај заловувањето на овие кутриња.

Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...