ИНФО

Започна реконструкција на плочникот пред Зелен пазар

Продолжува санацијата на оштетените плочници кај Градски ѕид. По завршената реконструкција позади Блок 2, во тек е ревитализација на плочникот пред Зелен пазар. Се заменуваат оштетените и искршени терацо плочки на површина од околу 500 метри квадратни кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Од тие причини, во овој градежен зафат е предвидено вадење на сите слоеви до армирано бетонската плоча и поставување нова хидроизолација, порамнителен слој и нови гранитни плочки.

„Конечно, по долго време, со оваа санација плочникот ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобри неговата функција и квалитет и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на жителите на Општина Центар“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Вкупната вредност на овој зафат е 5.093.470 денари, а санацијата ќе трае до крајот на април 2023 година. Со обновата на плочникот ќе се зголеми и безбедноста на движењето на пешаците околу Зелениот пазар, но и ќе се забрани и поставување на дивите пазарџии кои ги узурпираа јавните површини.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...