АКТУЕЛНО

ДАЛИ АРСОВСКА ПАК ЌЕ МЕНУВА ДИРЕКТОРИ?: Три јавни претпријатија 10 дена се без шефови

Јавните претпријатија „Градски паркинг“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ десет дена се без директори. Договорите од 6 месеци со кои градоначалничката Данела Арсовска во септември лани за в.д. директорот на „Градски паркинг“ го назначи Крсте Петревски од ГРОМ, на „Улици и патишта“ Саид Саид и на „Паркови и зеленило“ Реџепи Зухејр, двајцата од ДУИ, се истечени на 28 март. Нови договорите за продолжување на нивниот мандат Арсовска уште не ги потпишала, ниту пак се назначени нови лица на оваа функција.

Со тоа, сега овие три јавни претпријатија се без први луѓе, нема кој да потпишува документи и да ги раководи претпријатијата.

Арсовска е позната по тоа што постојано менува директори и се кара со нив. Досега ниту еден директор на Арсовска не издржал на функцијата повеќе од една година. За година и половина мандат смени десетина директори. Во ЈП „Водовод и канализација“, „Градски паркинг“ и во Зоолошката година во рок од една година постави тројца директори. Во сите други јавни претпријатија откако се скара со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците директорите си дадоа оставки, па мораше на фунцијата да поставува нови луѓе.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...