СЦЕНА

ТАНЦУВАЈЌИ СОЗДАВАМЕ ИДНИНА: Почнува Танц фест во МНТ

„Танцувајќи создаваме иднина!“ е мотото на 19-тиот фестивал „Танц фест 2023“ кој ќе биде отворен вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар.

На отворањето ќе бидат доделени наградите „Менада“  на Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија, со кој Културниот центар „Интерарт“  соработува 15 години. Со поддршка на овој холандски универзитет е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на  Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој од 2017 година работи Катедрата за современ танц.

По доделувањето на наградите, публиката ќе има можност да ја види претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу  нашата држава и Холандија.

Гостувањето на оваа извонредна компанија, со млади и несекојдневно талентирани танчери, е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе донесе повеќе кореографии, од осум истакнати светски кроеографи, како Ед Вубе, Кит Рандолф, Рој Асаф, Андонис Фониадакис, Мациеј Кузмински, Јарек Чемерек, Лоранд Захар и Весел ван Острум. Со настапот на интернационалниот состав од осумнаесет танчари на сцената се отвора годинашното издание на Танц фест.

Соработката со Кодартс е воспоставена од пред петнаесет години, соработувајќи во тоа време со Самуел Вуерстен, кој беше уметнички директор на Ротердамската академија за современ танц.

„Таа конекција го смени текот на историјата на современиот танц кај нас и придонесе за развој на универзитетска програма за оваа уметничка категорија, како и формирањето на Скопје танцовиот театар, кој за само 10 години стана извонредно познат во светски размери и кој минатата година гостуваше на една од најпретсижните светски сцени – во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Оваа соработка продложува да живее и, на голема радост на публиката на фестивалот, повторно ќе ги видиме младите „ѕвезди на иднината“ како што ги нарекува холандската и светската критика“ велат организаторите на фестивалот.

„Танц фест“ е поддржан од Министерството за култура, амбасадите на Холандија и САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумски партнери.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...