МАГАЗИН

СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година

Elder patient's hand and blood test tube

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.

Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак, објави СЗО.

До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените.

Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, една од шест смртни случаи се должи на канцер. На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест. Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот.

Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман.

Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија – 9,5 милиони.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....

МАГАЗИН

Пет совети кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа понежно оваа зима

Зимското време има тенденција да ја остави нашата кожа сува и ронлива....

МАГАЗИН

Дали треба да ги прифатиме сите интернет колачиња? Еве на што треба да обрнете внимание

Автоматски да се прифатат сите интернет колачиња? Ако ја цените вашата приватност...