АКТУЕЛНО

ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ СО НАЈАВУВАЊЕ ПРИ ВЛЕЗ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

Лицата со попреченост кои патуваат сами преку Меѓународниот аеродром Скопје отсега ќе можат да добијат помош уште од пристигнување на аеродромот. ТАВ Македонија воведе уште една поволност за патниците со попреченост и покрај веќе постојните опции за најава за пристигнување на аеродром, сега можат да го најават своето пристигнување на самиот влез на паркингот. Тоа можат да го сторат со најавување преку интерфонот, специјално означен и инсталиран за оваа намена.

„Преку овој интерфон, тие можат да контактираат со наш колега од аеродромската служба за помош на патници со попреченост при патување со авион, кој ќе го пречека патникот на паркинг местото наменето за лица со попреченост. Потоа, заедно ќе ги завршат сите аеродромски процедури потребни за патување со авион“, велат од ТАВ Македонија.

За користење на оваа услуга, потребно е лицето со попреченост – патникот да го најави своето пристигнување на аеродромот најдоцна 2 часа пред закажаното време на полетување, како и да се јави и да ја извести авиокомпанија со која ќе патува, туристичкиот агент или туроператорот за нивните барања за помош најмалку 48 часа пред поаѓањето на нивниот лет

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...