СЦЕНА

Од 1. јули Нетфликс, Гугл и Епл ќе плаќаат ДДВ

„Нетфликс“ (Netflix), „Гугл (Google)“, „Мета“ (компанијата што стои зад Фејсбук и Инстаграм), „Епл“ (Apple) сите ќе плаќаат данок на додадена вредност (ДДВ) во земјава. Ова е предвидено со измените во Законот за ДДВ, кои се во собраниска процедура. Според текстот на Законот, данокот во име на овие компании ќе го плаќаат даночни застапници, и тоа од 1 јули годинава.

На пример, досега за да ги гледате омилените серии на „Нетфликс“ плаќавте електронски. Од тие пари компанијата што нуди услуга во земјава не ѝ плаќаше данок на државата. Слично е и со некоја апликација што сте ја симнале од „Плеј стор“ (Play store) и за тоа сте ѝ платиле на компанијата, но таа не ѝ платила данок на Македонија.

Ова треба да се смени од 1 јули годинава, до кога овие компании имаат обврска да изберат даночен застапник што во нивно име ќе плаќа данок кон македонската Управа за јавни приходи (УЈП).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...