СЦЕНА

КИНОТЕКА: Проекција на филм за Густав Малер и ретроспектива на Милош Форман

Кинотеката во соработка со Филхармонија, вечерва со почеток од 20 часот ќе го прикаже биографскиот филм за славниот композитор Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел. Проекцијата на филмот за Густав Малер ќе го антиципира концертот на 13 април кога оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе маестралната Симфонија број 5 која претставува совршена апотеоза на животот, љубовта и смртта.

„Малер“ е филм од 1974 година, во режија на Кен Расел, а главните улоги ги толкуваат Роберт Пауел, Џорџина Хејл и Ли Монтаг. Раскажана во низа ретроспективни сцени додека композиторот и неговата сопруга Алма разговараат за нивниот неуспешен брак за време на патување со воз, сторијата низ флешбек секвенци го прикажува турбулентното детство на Малер, обременето со самоубиството на неговиот брат, искуството со антисемитизмот, неговото конвертитство од јудаизам во католицизам, брачните проблеми, смртта на неговата млада ќерка.

Од утре почнува ретроспектива на Милош Форман, бидејќи како носител на еден нов бран во филмската уметност не случајно го спојуваат со пролетта како годишно време.

Форман со своите рани дела е протагонист на чешкиот „нов бран“, со филмови во кои тој мајсторски го спојува документарното и играното, создавајќи еден посебен сензибилитет.

Овој месец, Кинотеката ќе прикаже значаен дел од неговата филмографија, и тој избор ги опфаќа неговите луцидни пионерски чекори со среднометражниот филм КОНКУРС (Konkurs / Audition, 1964), потоа долгометражните играни филмови ЦРН ПЕТАР со проекција на 07 април (Černý Petr / Black Peter, 1964), ВЉУБЕНАТА РУСОКОСА ќе игра на 08 април (Lásky jedné plavovlásky / A Blonde in Love, 1965) и најнакрај – ГОРИ, МОЈА ГОСПОЃИЦЕ (Horí, má panenko / The Firemen’s Ball, 1967), неговиот последен чехословачки наслов пред заминувањето во САД.

Датумите 05 април и 13 април се резервирани за еден од неговите најголеми револуционерни филмови КОСА(Hair), филм од 1976 година.

Сите проекции се со почеток од 20:00 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...