СЦЕНА

„Кајмак“ е продаден во Јужна и Средна Америка и на Карибите

Најгледаниот филм во Македонија лани, „Кајмак“ на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски е продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите. Продажниот агент, Левел К од Копенхаген го продал македонскиот филм на 40 земји од Западната хемисфера – од Аргентина, Бразил и Мексико до Јамајка, Аруба, Барбадос; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис.

„Кајмак“ е веќе продаден во повеќе европски земји, а понатамошниот процес на пласман е во тек.

Филмот ќе биде прикажан на оригиналниот, македонски јазик, со титлови на јазиците на земјите во кои се прикажува.

„Кајмак“ само што беше прикажан на филмските фестивали во Бари, Белград и Софија, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот неодамна беше награден на фестивалот Фантаспорто во Португалија, а светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...