Цените на овошјето и зеленчукот денес не се продаваат по замрзнати цени. Иако министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека 11 видови на овошје и зеленчук од денес ќе се продаваат со намалени и максимално одредени цени, тоа никој не го почитува.
Така, во маркетот Рамстор во Капиштец, каде пред неколку дена премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бектеши ги проверуваа замрзнатите цени на тестенините и млечните производи, доматите наместо максималните 70 денари, се продаваат по 129 денари за еден килограм. Иста е ситуацијата и со краставиците, кои денес чинат 119 денари, а не требаше да бидат поскапи од 75 денари по килограм. Пиперките наместо за 90 денари се нудат по цена од 219 денари, додека лимонот чини 75, наместо 55 денари.
Во Рамстор велат дека се уште немаат добиено соопштение за да ги променат цените на овошјето и зеленчукот и дека тоа ќе го сторат кога ќе бидат информирани.
Leave a comment