ИНФО

ГРАДЕЊЕ НОВИ МОСТОВИ: МОН и ОБСЕ ќе делат по 7.000 евра за училишта, градинки и факултети

kiro gligorov

Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија повик за сите јавни училишта, градинки, факултети за обука на наставници. Конкурсот нуди до 7.000 евра по апликација. Рокот за поднесување на апликацијата е 30 април 2023, а периодот на имплементација е јуни 2023 – мај 2024 година.

Целта на проектот „Градење нови мостови“ е да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности.

Можностите за финансирање се дел од напорите на Мисијата да ја зајакне социјалната кохезија преку интегрирано образование и зајакнување на младите под покровителство на донаторите на Мисијата – Кралството Норвешка, Полска и Големото Војводство Луксембург. Проектот се надоврзува на претходната работа на Мисијата за меѓуетничка интеграција во образованието за унапредување на демократијата и социјалната кохезија во земјата, вклучително и оригиналниот фонд за градење мостови, кој поддржа речиси 200 училишта и градинки за организирање заеднички воннаставни активности од кои директна корист имаат повеќе од 35 000 ученици, наведува МОН.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...