АКТУЕЛНО

ГЕРАСИМОВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА: Дивоградбите наместо да се уриваат, да се конфискуваат

Дивоградбите наместо да се уриваат, да се конфискуваат од државата, бара градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Тој денеска достави иницијатива за конфискација на дивоградби до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на нејзината територија чие рушење чини стотици илјади евра. Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство“, вели Герасимовски.

Преку оваа Иницијатива треба да се интервенира во две законски решенија – Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка.

Сега ЗЕЛС треба иницијативата да ја достави до Владата која треба да иницира и направи измени во некоку законски решенија кои ја опфаќаат оваа проблематика. Откако ќе се направат измените тие треба да се усвојат од пратениците во Собранието.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...