СЦЕНА

ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА: Разговор со Игор Анѓелков

По повод книга на месец април, овој разговор е во склоп на кампањата на Градската библиотека Браќа Миладиновци  „Читаме заедно“ чија цел е да се популаризираат македонски автори.

По повод книга на месец април во Градската библиотека Браќа Миладиновци вечерва ќе се одржи разговор , со авторот на Двојна експозиција, Игор Анѓелков. Почетокот е во 19 часот, во спомен-собата „Т’га за југ“.

Овој разговор е во склоп на кампањата „Читаме заедно“ чија цел е да се популаризираат македонски автори.

„Двојна експозиција“ е збирка од дванаесет раскази поделени по два во шест циклуси: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус, Смрт. Во фокусот на секоја од приказните лежи едно централно животно прашање, типично за возраста и биолошко-социолошката фаза на ликовите кои се портретираат.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Збирката раскази ‘Двојна експозиција’ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 29 април“, информираат од Градската библиотека во Скопје.

Игор Анѓелков е современ македонски автор кој активно се занимава со пишување од 2006 година. Потпишан е на осум прозни дела во издание на Или – Или каде се јавува како ко-сопственик и уредник.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“, која Градската библиотека во Скопје ја започна во септември минатата година, по завршувањето на првиот циклус во мај, ќе продолжи во септември со нови осум наслови од исто толку домашни автори.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...