ИНФО

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Kазнети 214 возачи за еден ден

Во Скопје вчера казнети се 214 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас и друго, соопштуваат од МВР.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на ЈП „Градски паркинг“

Паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д, со кои стопанисува ЈП...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер,...

ИНФО

По 55 години, реконструирана улица „20” во Припор

– Пуштена е во употреба новата реконструирана улица „20” во населбата Припор....

ИНФО

Оваа недела искачување на Крстовар на Водно и работилница за млади

Младинската секција на планинарскиот клуб „Убава“ заедно со Младинска комисија при Федерацијата...