ИНФО

СУБВЕНЦИИ ВО БУТЕЛ: По еден милион денари за реконструкција на кровови и фасади на згради

Општина Бутел ќе дели субвенции за поставување на енергетски ефикасни фасади на станбени згради и реконструкција на кровови. Според планираното, Општината за секоја одобрена апликација, ќе дели максимум еден милион денари или 40 отсто од вкупното чинење на реконструкцијата. Сопствениците на посебни делови во станбените згради ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 60% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата.

Право на учество имаат Заедниците на сопственици и сопственици на посебни делови на станбена зграда управувани од Управител на станбената зграда, на подрачјето на Општина Бутел, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација. Додека пак, станбените згради за колективно домување кои имаат помалку од два ката со приземје немаат право на учество на овој јавен повик. Повикот ќе трае во наредните 30 дена.

Услови и критериуми за учество на јавниот повик кои треба да бидат целосно исполнети од страна на подносителите се:

  • Станбените згради за колективно домување да бидат постари од 25 години;
  • Да има согласност од најмалку 80% од сопствениците на посебните делови на станбената зграда за учество во реконструкцијата на фасада или кров со сопствени финансиски средства при што согласноста ќе значи превземање на долгот на оние станари кои нема да дадат ваква согласност;
  • Заедницата на сопственици или Управителот на станбени згради да немаат
    долгови;
  • Заедницата на сопственици или сопствениците на посебни делови во станбени
    згради управувани од Управител на станбени згради, да дозволат анкетирање,
    мерења за изработка на техничка документација и промотивни активности на
    станбената зграда.

Јавниот повик и потребните обрасци за аплицирање, подносителите можат да ги подигнат од Архивата на Општина Бутел или на веб страната на општината. Апликацијата и потребната документација се доставува во затворен плик во Архивата на Општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, или по пошта на ул. “Бутелска„ бр.4, 1000 Скопје, со назнака: За Јавен повик за субвенционирање и поддршка на проектот “Енергетски ефикасни домови„ во Општина Бутел. Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 078/463-092 (08:00-16:00 часот) Сузана Илиевска, или на електронската пошта suzana.ilievska@opstinabutel.gov.mk 6. Напомена, Апликациите со непотполна документација и апликациите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со појава на магла

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...