ИНФО

СЕ ЧИСТЕШЕ КЕЈОТ НА ВАРДАР

Викендов, Комунална хигиена собираше и ѓубре од неколку диви депонии.

Викендов, на потегот од Кале до хотелот Александар Палас, рачно и машински се чистеше кејот на Вардар. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје двата изминати дена целосно ја исчистиле патеката каде што се одржа интернационалното Дуатлон првенство. Екипите го отстранија и непрописно одложениот отпад долж патеката, информираат од ова претпријатие.

Воедно, за време на викендот Комунална расчисти и ѓубре од повеќе скопски депонии. Собрани се речиси 30 кубни метри отпад од диви депонии на улиците „23 Октомври“, „Крсте Асенов“, „Рузвелтова“, „Партизански одреди“, „Теодосиј Гологанов“, „Васил Ѓоргов“, „Ѓорче Петров“, „Васил Чакаларов“ и реонот околу Градскиот стадион, во скопските општини Аеродром, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Центар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...