СЦЕНА

“ДНИ, ГОДИНИ“: Објавена нова книга од Димитар Башевски

Издавачката куќа „Слово“ ја објави книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура. Станува збор за најнова книга од овој романсиер, раскажувач и поет, чии книги досега се преведувани на повеќе европски јазици – англиски, чешки, грчки, романски, српски, бугарски, албански, турски, црногорскии и други и ги добиле важните книжевни награди и признанија во земјата, информираат од оваа издавачка куќа.

„Дни, години“ е поетска книга што доаѓа во зрелата творечка фаза на Башевски и ги изразува главно оние поетски својства за кои еден број критичари пишуваа и за досегашните негови поетски книги. Во таа смисла, англискиот критичар Алан Браунџон, по повод објавата на избор поезија на Башевски во Лондон, напиша дека „како повозрасен писател, тој (Башевски) сосема природно се движи во митовите на зрелоста, отколку во смелите фантазии на младоста.“

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...