ИНФО

Денес ќе се знаат најскапите цени на овошјето и зеленчукот

Домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон, се дел од зеленчукот и овошјето за кои денес ќе се утврдуваат највисоките цени.

Денес ќе се утврди по која највисока цена ќе се продаваат домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон…
Според министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени.
„Денес ќе се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, наведува Бектеши.
Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...