АКТУЕЛНО

БЕЗ ЧЕКАЊЕ, СО ПАРТИЦИПАЦИЈА ОД 20 ДЕНАРИ: Офталмолошки и стоматолошки прегледи за идните првачиња од Центар

Од четвток, сите родители од Центар, кои имаат деца во градинка и треба да ги запишат во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2023/2024 година., потврдите за офталмолошки и стоматолошки прегледи ќе ги добијат само со партиципација од 20 денари. Според насоките од Општина Центар, родителите ќе можат да ги однесат своите идни првачиња во Поликлиниката „Букурешт“ и таму да ги направат потребни испитувања. Прегледите за вкупно 571 дете од најголемите групи од центарските градинки ќе траат од 6 до 13 април 2023 година, секој работен ден во период од 14 до 19 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. За подетални информации  сите заинтересирани родители може да се јават во Општина Центар на телефонскиот број  075 219-173 и во Поликлиника „Букурешт“ на 02/3064-088.

Ваквото олеснување за родителите е дел од Меморандумот за соработка помеѓу Општина Центар и Јавната здравствена установа-Здравствен дом Скопје и е во насока на унапредување на здравствената заштита кај децата во Општина Центар.

Во Законот за основно образование е предвидено при упис во училиште да се доставуваат и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи.

„Намената на овие прегледи е добивање потврди при запишување во прво одделение на децата од големите групи од центарските градинки: „13 Ноември“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Кочо Рацин“. Со овие прегледи децата се здобиваат со ран скрининг и рана детекција при евентуално оштетување на видот со што значително може да помогне во третманот доколку е потребен. Освен што раните стоматолошки прегледи го спречуваат добивањето на орални болести и дејствуваат превентивно за настанување на кариес, исто така значајни се и за едукација на оралното здравје и формирање здрави навики од рана возраст“, информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...