Градежните работи на на улицата „Васко Карангелески“ на потегот до булеварот Трета македонска бригада се при крај и во завршна фаза. Направено е целосно ново булеварско решение, со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки. Коловозот е на површина од 10590 метри квадратни, на должина од 1080 метри, а изградена е целосно нова атмосферска канализација во должина од 380 метри.
На трасата се изведува пешачка патека од павер елементи на површина од 5600 метри квадратни и велосипедска патека со површина од 2400 метри квадратни, соодветно хортикултурно уредување и осветлување. Со одржливи сообраќајни решенија што се зголемува ефикасноста на градскиот сообраќај, но пред се се овозможува зголемена безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.
Leave a comment