ИНФО

Повредениот работник во Зоолошка е пуштен на домашно лекување

Работникот кој вчера се повреди во Зоолошката градина во Скопје е во стабилна здравствена состојба и е пуштен на домашно лекување. Според билтенот на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11:20 часот, во надлежната полициска станица, по службена должност е пријавено дека лицето В.Г. (46) од Скопје е донесен во Клиничкиот центар со повреди при пад на работно место.

„Нашиот вработен, веднаш по укажаната комплетна лекарска помош, е стабилизиран и пуштен уште истиот ден на домашно лекување. Во постојаниот контакт со него, но и од разговор со лекарите, тој се чувствува добро и закрепнува одлично. Случајот, од наша страна веднаш е пријавен во трудов инспекторат“, ни изјавија надлежните во Зоолошката градина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...