Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ објект Пепелашка. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22 Седница на Совет.
Компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со капацитет од 20 кв која според проценката целосно ќе ги задоволи потребите на градинката.
„Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ односно објектот Пепелашка се покажа како најсоодветен според анализите на претпоставените лица од компанијата по што фотоволтаичната централа ќе биде поставена во тој објект. Се надевам дека во текот на годината интерес за донација на фотоволтачни централи ќе пројават и други општествено одговорни компании“, изјави Герасимовски на седницата.
Покрај донацијата, ОКТА АД – Скопје ги презема и трошоците за подготовка, потребни дозволи и решенија, како и изведбата на проектот односно инсталацијата на централата.
Општина Центар неодамна го формираше трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Општина Центар ќе продолжи да вложува во проекти кои носат бенефит за општината и граѓаните.
Leave a comment