Поради поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата Гиго Михајловски/Новопроектирана, без вода ќе останат корисниците од следниве улици : ул.Гиго Михајловски, ул. Иван Аговски, ул. Руѓер Бошковиќ, ул. Даскал Камче и дел од ул. Франклин Рузвелт (потегот од бул. Партизански Одреди до Орце Николов). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на ул. Димо Хаџи Димов бб (во близина на комплекс Шампионче), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Димо Хаџи Димов и дел од ул. Божидар Аџија. Вода ќе нема од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Leave a comment