АКТУЕЛНО

НАСКОРО ПОЧНУВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ: Каде во Карпош прво ќе почне да се наплаќа паркинг

Во оваа општина, најпрво е предвидено организирање на сообраќајот во мирување во Карпош 1, Карпош 2, Млечен Ресторан, Економија.

Наскоро, во дел од Карпош ќе почне зонско паркирање. Откако карпошани се изјаснија дека сакаат во нивната општина да почне да се применува платено паркирање, ЈП Градски паркинг најавува скоро воведување.

Според инвестиционата програма на Градски паркинг во Карпош најпрво е предвидено организирање на сообраќајот во мирување во Карпош 1, Карпош 2, Млечен Ресторан, Економија а потоа и во другиот дел од општината.

Во Карпош 1 предвидената организација на сообракајот во мирување го зафаќа потегот помеѓу улиците „Гиго Михајловски”, ул. „Иван Аговски”, ул. „Даскал Камче”, ул. „Pyѓep Бошковиќ” и „Никола Тесла”. Со реорганизација и реконструкција на овие јавни површини на кои би се вовело зонско паркирање, ќе се овозможи паркирање на околу 430 возила.

Во Карпош 2, потегот кој е предвидено е да се оспособи (од бул. „8 Септември”, ул. „Бранислав Нушиќ” и ул. „Веселин Маслеша”) согласно набљудувањата спроведени на терен, би се ставиле во употреба уште околу 350 паркинг места.

Зонско првично е предвидено и во реонот на Млечен ресторан, помеѓу улицата Рузвелтова и булеварите Партизански одреди, М.Т.Гологанов и 8 Септември. Платено паркирање се планира и во реонот на Министерство за Економија, помеѓу улиците Рузвелтова, Леринска, Брадфорска и булеварот М.Т. Гологанов. Колку точно места за паркирање ќе има на овој потег, допрва ќе се знае, откако ќе се спроведе постапката за изработка на сообраќајно-техничко решение, проект за регулирање на сообраќајот и истиот да помине пред секторот за сообраќај на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи.

Според планот на ЈП Градски паркинг, ова ново зонско паркирање е во т.н. “бела зона“ или зона D, каде еден час паркирање чини 25 денари. Како и за сите, и во овој дел од Карпош, локалните жители ќе имаат можност за бесплатно паркирање, согласно местото на живеење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...