КУЛТУРА

МУЗИЧКО-БАЛЕТСКИ СПЕКТАКЛ ПЕТАР ПАН: Од деца за деца

Денеска во Националната опера и балет  премиерно ќе се изведе музичко балетскиот спектакл Петар Пан и тоа со почеток на првата претстава во 17:30, а на втората во 20:00. Претставата ќе биде изведена од децата од балетското студио „Арт Балетот“ во Скопје, а оригиналноста е во сонговите кои ги пее Ѕвончица во сцените.

Ликот на Ѕвончица го игра осумгодишната Ерина Мамути, која вели дека штом излезе на сцена тремата исчезнува. „Многу си ја сакам улогата на Ѕвончица, ја играм со многу љубов. Да ви кажам искрено требаше многу напорна работа, вложување, труд, пеење, глумење и многу време, но навистина вреди“ вели Ерина.

Ерина Мамути

Таа веќе година и пол игра балет и кога ќе порасне сака да биде или докторка или професионална балерина. „Тоа е мојот сон, две професии што најмногу ги сакам,и да имам сопствено училиште за балет како Тамара и мојата прекрасна наставничка Ивана“.

Како што не информираа организаторите, во недостиг на машки балетани, имаат и гостување на двајца балетани од ансамблот на НОБ кои ги носат двете машки главни улоги, улогите на Петар Пан и Капетан Кука.

Еден од машките ликови, еден од браќата на Венди го игра единаесетгодишната Лара Здравкова, која игра балет од шест години. „ Јас ја имам улогата како момче и би кажала дека е потешко е да играш машки лик бидејќи девојчињата се повеќе нежни и меки во движењата отколку момчињата“, вели таа.

Лара Здравкова

Во целиот спектакл учествуваат 112 деца. Сценариото е на Ристо Самарџиев, кој е и автор на сонговите. Музиката е дело на Владимир Дојчиновски, а за режијата и кореографијата е задолжена Ирена Лозинска.

Сценографот е Љупчо Јованов, а костимографиите се на Елена Вангеловска.

„За оваа претстава се подготвувавме 6 месеци и тоа беше навистина посветена и трудољубива работа. Морам да ги пофалам и сите учесници, децата навистина многу одговорно и дисциплинирано ја сфатија задачата и беа навистина на ниво на задачата – изјави Тамара Ѓурчиновска, управителка на „Арт Балетот.“

Претставата ќе се постави на 3 јазици: македонски, албански и ромски, а во план е и на турски јазик.

„Со оглед на тоа што сонговите се на три јазици, значи сите деца можат да бидат опфатени, да дојдат на претставата, бидејќи децата ова го заслужуваат. Во нашиот случај, Ѕвончица е таа што ги кажува сцените, од сцена во сцена. Има вкупно седум сонгови, преку кои таа однапред ги раскажува следните сцени“, појасни Ирена Лозинска, кореограф на претставата.

Ерина Мамути, ликот на Ѕвончица, ни раскажа дека и било навистина тешко да ги научи верзиите на сите јазици, ама се уверила дека со силна воља се се постигнува.

Детскиот балет „ Петар Пан“ е работен според романот на Џејмс Метју Бери. А, од мноштвото случки за момчето што лета и не сака да порасне , во фокусот на оваа постановка е вредноста на љубовта што ја осознава Петар Пан.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...