СКОПСКИ ВЕСТИ

И годинава тестирање во средните училишта каде ќе се пријават поголем број на деца

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20  и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за здравствена струка – биологија и хемија,

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и  658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20608 слободни места, за настава на албански јазик 8301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

Условите и потребните документи за запишување на учениците во средно училиште се достапни на следниот линк.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...