РИТАМ НА ГРАДОТ

ИСКРЕНО СО КИКЕ ЦВЕТЧЕ: За да можеш да се промениш, треба прво да се прифатиш себеси

Сум била зависна и од социјални медиуми, сум била креатор, ама сум била и консумер. Потпаѓав под тие алгоритми и шеми. Додека се свестиш ти поминал еден саат и пол а што си дознал,практично ништо.

Христина Цветкоска, или позната како Кике Цветче на нашите простори важи за инфлуенсер која носи општествена одговорност, поттикнува здрави навики и вредности кои опфаќаат почитување на различности и себељубов. Откако направи голема промена во нејзиниот начин на живот, таа со својот пример поттикна и голем број жени за револуција и промена. Заради моменталните обврски како менаџер на нејзиниот партнер Иван Ајнштајн, пејач, вели дека деновите и се многу динамични и интересни. Со неа разговаравме за идните планови и за што се залага како личност кое има влијание на поголема група луѓе.

Снимаш видеа за јутјуб, а најчесто споделуваш на инстаграм. Зошто баш инстаграм, дали е заради публиката на таа мрежа?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Не, младите се на тик ток. Сега веќе сите се на инстаграм, и бабите се на инста. Заради тоа младите бегаат. Штом дојдат постарите генерации на социјалните мрежи, младите си бараат нови мрежи. За тик ток многу поретко правам видеа, некако никогаш не му се посветив, можеби би сакала ама сега немам време да мислам на тоа, повеќе на други проекти сум насочена.

Дали има некои правила што се следат при правење видеа: колку треба да биде долго за да задржи внимание, дали треба некои ефекти, монтажи и слично?На што внимаваш кога ги правиш видеата?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Секој би ти кажал дека има различни правила, затоа што почнало од ништо. Од луѓето кои биле и креатори на каналот и самите испробувале различни работи, должина, ефекти. Ама сето е креирано од луѓето, не излегол јутјуб со правила. Си бираш само стил. Јас гледам само како најубаво и најавтентично да се претставам себеси и претежно само во последно време ми се влогови. Една година немав објавено ништо, ова не ми е редовна работа, сепак ми е повеќе како хоби. Меѓутоа како поминува времето сега, можеби ќе сакам повеќе да се посветам. Имам почнато со планови за поредовно објавување контент. Досега ми било како животопис.

Дали може да се живее кај нас од тоа?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Може, ама пак нема да биде лесно, под услов целосно да се посветиш.

Што прави Иван?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Иван исто така, веќе година и пол се посвети на музичката кариера. Извади и албум, сега имаме и нова песна. Затоа што сфати дека не може да ги тера двете, во музиката сака да види колку може да постигне.

 

Што си по професија?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Како академски граѓанин сум преведувач и наставник по англиски јазик и книжевност. Ама никогаш немам работено тоа, хонорарно имам преведувано и толку.

Со што се окупираш сега?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Работиме на наши проекти најчесто со Иван. Јас сум претежно во организација, организирам настапи на Иван, снимање спотови. Јас сум практично менаџер на Иван. Иван е рапер уште од сам старт, уште пред да стане познат јутјубер и музиката отсекогаш му била опсесија и го водела низ животот. Реши да се посвети посериозно на тоа. Моментално сме со планови за нов спот. Така што мора прво да го снимиме спотот. Имаме стартни планови. Неодамна имавме наш личен проект, правевме фотосесија со тетовираните бурми по повод нашата осумгодишнина од врската.

Дали имате високи критериуми за тоа со кого соработувате, кого рекламирате, дали сте одбиле некого?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Ние сме автентичнни и природни во се што работиме. Најверојатно луѓето го препознаваат тоа и отсекогаш сме биле искрени со публиката, не сме глумеле никогаш. Создаваме заедница на луѓе со слични идеали и ставови. Порано кога сме почнале со ова, првата соработка ни беше за сокчиња, затоа што и како ликови многу не врзуваа со детската публика. Јутјубот за жал беше врзан со таа публика. Се надевам дека денес тој концепт е сменет затоа што навистина не е само за деца. Можеби децата најмногу трошеа време на тоа, затоа што го имаат.

Во однос на одбивање, дефинитивно многу сме повнимателни со се што сме научиле со годините и не би се чувствувале свои ако рекламираме нешто што сами не го поддржуваме. Конкретно јас кога бев низ процесот на слабеење, буквално градев заедница на луѓе што се мотивираат од мојот пример. Имав понуди за соработка со газирани сокови, имав поклони како доста шеќерести, пр пакетчиња, кремови, нешто што апсолутно се коси со се што пробувам да сменам кај себе и тоа што го промовирам. Не постоеше воопшто простор да рекламирам газирано сокче во тој период.

Што те натера да смениш начин на живот, имаше ли некој клучен момент?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Знам дека се билдаше, цело време ми се собираа работи, бев нефер кон себе, имав момент кога се залагав за бодипозитивити, а не сфаќав што е тоа. Заради тоа што јас кажував дека сум задоволна од своето тело, сум горда за тоа што сум, си се носам добро со себе, ама кога ќе се најадев дома три порции колку што не треба нормален човек да ги јаде, не се чувствував убаво, не си го сакав своето тело и своите одлуки тогаш. А потоа, сфатив дека морам јас прво да си се прифатам себе за да можам да се засакам себе и да направам некоја промена доколку сметам дека ми е потребна. Затоа што јас како да не се прифаќав себе, од многу мала имам проблеми со храна, проблеми со дебелина, израсната сум само со храна и мојот мозок беше програмиран така, дури гледам јадам.

Првичната цел откако се прифатив и сакав да се променам беше заради здравствени причини. Знаев дека на 25 години да имаш 123 кила е малку алармантно и една недела пред да почнам со вежбање, бев да направам доста прегледи и ми беше страв дека ќе ми кажат дека имам нешто, затоа што неконтролирано јадев и немаше ништо здраво во тоа што го јадев. Нередовен сон, си легнував во зори. Водев сосема нездрав начин на живот.

Што мислиш за инфлуенсерската сцена овде?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Секогаш имало некој поправилен пат и некој кој забегува од тоа. Некогаш си револуцинер, некогаш си осуден. Секој избира што ќе прикажува, народот сепак избира што ќе гледа. Публиката избира. Гледаат и деца да, ама тука треба да се вклучи образовниот систем, родителите и семејството. Сега не можам ни да замислам од аспект на родител како е, ама во такво време живееме. Можеби да има само повеќе отворени муабети за тоа, отворени работилници и слично.

Не сум чула никаде во светот да има правила и санкционирање. Си имаат социјалниве мрежи некои правила ама не е тоа тоа. Оставено е на народот да одлучи. Затоа и се креирани социјалните мрежи, за спојување на луѓе во заедници, истомисленици. Се случувало и да буткаат цели канали. Мислам дека и на Бака прасе му го бутнаа еднаш каналот.

Споредба со соседните земји?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Не следам многу, немам време.  Најверојатно е и повеќе желба, немам желба за тоа.

Како изгледа еден твој ден?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Станувам во осум часот, Иван почна да станува со мене конечно затоа што имаше периоди кога не можеше да се освести сабајле. Јас сум таа што прави појадок, тој потсредува нешто по дома. Три пати неделно одиме во теретана и мило ми е што го завршуваме тоа рано наутро. Затоа што потоа го имаме цел ден пред нас. Претежно ни се динамични деновите, затоа што секој ден ни е различен, мразам  монотонија. Кога имаме слободно време гледаме да прошетаме, дури пола саат- саат, едно сонце за да наполниме батерии.

Периодов се спремаме за патување, ќе одиме во Шпанија и цел ми е таму само на шпански да комуницирам. Месец дена ќе бидеме таму, работа и уживање комбинирано.

Кој ти е омилен дел од Скопје?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: 10 години сум во Скопје и го засакав Скопје од одма. Накај Сончев град, натаму. Многу сакам панорамски глетки. Мислам дека така можам да го истражам целиот град.

Рушиш стереотипи со видеата. Кое е твоеото мото?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ: Отсекогаш сум се трудела да бидам своја, сакам повеќе да се почитуваат различностите и автентичноста на секоја личност, затоа што верувам секој од нас си носи нешто уникатно и ако само го замолчуваме и го притискаме и задушуваме сетоа тоа, никогаш нема да излезе на виделина и само ќе се вклопуваме во масата, калапи што се предодредени од општеството.

Што ќе им препорачаш на сите што сакаат да ги сменат навиките?

КИКЕ ЦВЕТЧЕ:  Да не се плашат да почнат, заради тоа што јас сум се плашела да почнам. Сум се плашела од излегување од комфор зона. Уште се борам, не сум јас совршена. Ако сум успеала во едно поле, многу други работи сум на различно ниво. Веќе се навикнав. На старт е тешко, ама после ти станува рутина.

После две и пол години, веќе стана рутина. Мене на старт ми беше да стекнам здрави навики, тоа ми беше крајна цел. Се што правев беше нездраво, ништо не правев лежев во кревет и гледав серии. Тоа е тренд кај сите скоро. Сега од оваа перспектива не си се свиѓам. Сега многу ретко гледам, сум била зависна и од социјални медиуми, сум била креатор, ама сум била и консумер. Потпаѓав под тие алгоритми и шеми. Додека се свестиш ти поминал еден саат и пол а што си дознал,практично ништо. Само ако активно скролаш и гледаш можеш да научиш нешто, да се размислиш за нешто. Потребно е повисоко ниво на свест за да можеш да се промениш.

….Некад немам мотивација, ама имам дисциплина. Да не се плашиш да почнеш, пробај и ќе видиш…

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...