АКТУЕЛНО

ХАОС ПО ПАРКИРАЛИШТАТА: Никој не ги почитува жолтите ленти за такси возилата

Најголемиот проблем кај таксистите е тоа што сметаат дека градот Скопје не им овозможува доволно простор за работа, и со тоа тие неможат правилно да ја вршат својата работа.

На ниту едно паркиралиште во градот, не се почитуваат исцртаните жолти линии за такси возила. Иако, на поголемиот дел од пракинзите јасно се обележани местата за паркирање на таксисти, ова никој не го почитува. Секој паркира кај што сака. Ваквиот башибозук создава дополнителен хаос на паркинзите, па неретко, обичните возила се паркирани на такси местата, а такси возилата стојат во втора линија, односно создаваат уште еден ред возила.

„Жолти ленти треба да има на секој паркинг, како што е пракса во Европа. Мора точно да се знае што е и каде е едно такси стојалиште.  Такси станици има недоволно и факт е дека мора да се направат уште повеќе такси, на соодветни и места каде што тоа е дозволено и изводливо. Голем дел од нив, кои важеа за такси стојалишта се одземени, кај дел од нив бојата на лентите е избледена или ја нема, па не се знае дали е место за таксисти или обично паркиралиште.  Освен што треба да се прецртаат и повторно да се обојат, мора да се засилат и контролите и секој еден кој ќе паркира на такси место да биде казнет“, велат таксисите со кои разговараме.

Досега ниту еден возач кој паркирал на такси стојалиште не е ниту казнет, ниту пак возилото му било отстрането со пајк заради непрописно паркирање.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...