ИНФО

Карпош ќе дели субвенции за поправка на постоечките и поставување на нови лифтови

Општина Карпош ќе дели субвеции за поправање на постоечките и поставување на нови лифтови на станбените згради на своја територија. Висината на субвенцијата ќе изнесува најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка. Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на предвидените средствата од општинскиот буџет.

Процесот ќе содржи услови и критериуми за субвенционирање и категоризација на згради. Имено, потенцијалните корисници на субвенцијата треба во целост да ги  исполнат општите услови според кои треба да се регистрирани како заедници на сопственици  или пак со заедницата да управува правно лице – Управител. Тие треба да достават и имотен лист (не постар од шест месеци) со кој се докажува сопственоста на станот.

Посебните услови кои треба да бидат исполнети за апликација се станбените згради да се постари од 25 години и доказот за староста на објектот да биде потврден со изјава на нотар или со достава на купопродажен договор за стан. Заедницата на сопственици треба да достави и доказ дека има отворено сметка за резервен фонд, да има донесено одлука за избор на најповолна понуда за изведувач и за надзор на изведба за поправка и санација на постоечки или поставување  на нов лифт.

Процесот на разгледување на пристигнатите апликации ќе го утврдува 11 члена комисија, која ќе врши увид во соодветноста на пристигнатата документација. Листата на потенцијалните корисници на субвенции ќе биде објавена на веб страницата на Општина Карпош и на огласната  табла на Општината, а дополнително ќе биде доставено и известување до секој апликант посебно, со соодветни податоци за постапката и насоки за евентуална понатамошна постапка. Сите оние кои аплицирле имаат право по објавата на потенцијалните корисници на субвенцијата, да вршат увид во доставената документација и повлекување на истата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...