АКТУЕЛНО

ДУВААТ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО КАРПОШ

За инспекторите во Карпош, ветерот е виновен што на Водно се собира градежно ѓубре. Откако вчера со слика и видео забележавме дека на градежен објект, работниците градежниот шут го фрлаат во блиската шума, побаравме одговор дали Општина Карпош ќе излезе на терен. Зградата што се прави се наоѓа на улицата Козле, до бензиската пумпа на Макпетрол.

„Нашите инспектори веднаш излегоа на терен и направија увид. На лице место е констатирано дека од силниот ветар се разлетал дел од градежниот материјал. Но, на инвеститорот му е наложено да го собере разлетаниот материјал во најбрзо време“, информираат од општината.

Нашата екипа денеска повторно ја регистрираше оваа мини депонија. Особено внимание обрнавме на централизирање на правецот на дување на ветрот, затоа што според ова објаснување излегува дека ветрот е навистина систематичен во однос на дувањето на градежните материјали.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...