ПРИКАЗНИ

ДЕТСКИТЕ ОДМОРАЛИШТА ПРЕТВОРЕНИ ВО КУЌИ НА ДУХОВИ: Запустени и руинирани со децении не им служат на децата

Владата во 2014 година, решила неколку државни детски одмаралишта да ги продаде по цена од 50 илјади до 400 илјади евра, но за жал оваа владина одлука не дала успех, па поголем дел од нив не се продадени и со текот на годините се повеќе пропаѓаат.

На територија на град Скопје постојат 3 детски одморалишта кои не ја вршат нивната функција. На времето биле изградени за да може да ги згрижуваат децата од Македонија и тоа биле места каде тие се граделе како социјални битија другарувајќи со своите врсници. На времето тие биле преполни со детска смеа и џагор, а сега се претворени во куќи на духови. Руинирани, препуштени на забот на времето пропаѓаат без никаква идеја за нивно оспособување и искористување.

Можеби ние сме единствена држава која не ги користи нејзините ресурси за општо добро на граѓаните или пак, можеби не е во интерес на државата бидејќи не гледаат во ова како профитабилен бизнис.

Пандемискиот период можеше да се искористи за враќање во функција на овие детски одморалишта, но Владата не презема никакви мерки да го олесни тој кризен период на децата.

Едно такво одморалиште е под падините на Водно.

ДО ,,Горно Водно” – Скопје се наоѓа на падините на Водно на околу 900 метри надморска височина. Се состои од стар и нов објект. Со одлука на Влада на Република Македонија во септември 2014 година од МТСП се преотстапени на Град Скопје  на трајно користење на недвижни ствари.

Недоизграденото детско одморалиште на Водно и натаму стои како зграда на духови. Оваа зграда никако да се доврши откако во 1982 година биле прекинати градежните работи.

Со одлука на Владата во 2014 решено е ова одморалиште, заедно со уште пет други да одат на продажба со клаузула новите сопственици овие објекти да ги користат исто така како детски одморалишта.

Повеќе од две децении детското одморалиште на Горно Водно го посетуваат само планинари кои тука пијат чај. Деца одамна не дошле тука. Со продажба на шесте одморалишта во државна сопственост се отвора нова можност за повторно заживување на овие туристички места

Иницијатвата за оттуѓување на државните детски одмаралишта, до Владата ја поднело ресорното Министерство за труд и социјална политика. Владата тогаш решила неколку вакви објекти во цела Македонија да ги продаде по цена од 50 илјади до 400 илјади евра. И новите сопственици овие објекти ќе треба да ги користат како детски одморалишта.

За жал оваа владина одлука не резултира со голем успех. Поголем дел од овие одморалишта не се продадени и со текот на годините се повеќе пропаѓаат.

ДО ,,Чичино Село Сарај  е лоциран кај реката Треска. Во 2011 година детското одморалиште е пренеменето во прифатен центар за бездомни лица, како организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје. Одлуката овие лица да бидат на овој начин згрижени е согласно Заклучок на Влада на Република Македонија.

Некогаш
Сега

ДО ,,Страхил Андасаров Љубанци 

ДО ,,Страхил Андасаров” Љубанци  е лоциран на падините на Скопска Црна Гора.   Објектот е во лоша состојба, инвентарот и внатрешните елементи се целосно уништени.  Објектот е изграден  на земјиште кое е во сопственост на МПЦ, Манастир Свети Никола.

Скопјани со носталгија се сеќаваат на безгрижните детски денови поминати таму на настава во природа.

Сите одморалишта се оставени да пропаднат  Порано децата не одеа по хотели на зимување, летување или на настава во природа и екскурзии, туку во овие одморалишта.

Таму се одело на настава во природа по неколку дена  и на игранка.

Емисија на РТВ Скопје од 21.08.1974 година: https://www.youtube.com/watch?v=w9l1_IsVLtU.

Од МТСП појаснуваат дека иако имаат корисничко право, сепак Владата е таа која одлучува што ќе се прави со нив, дали ќе се реновираат, обноват или продадат.

Во врска со понатамошните планови за детските одморалишта, нивна продажба, обнова и реактивирање одлучува Владата на Република Северна Македонија, со носење на одлука, на која претходи проценка од страна на стручни лица од Бирото за судски вештачења и извештај подготвен од Министерството за труд и социјална политика, засебно за секое одморалиште.

(Насловна фотографија: Филип Михајлов)

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...

ПРИКАЗНИ

КУПУВАЈТЕ САМО ОД ВИСТИНСКИ ПЧЕЛАРИ: Продажбата на фалсификуван мед се поголема

Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број...