АКТУЕЛНО

Градските советници не прифатија Градот да дели субвенции за еко возила

Советниците во Град Скопје денес на редовната седница не ја изгласаа одлуката за делење субвенции за купување на еко возило на хибриден или електричен погон. Според нив, субвенцијата од 200.000 денари за ново вакво возило за едно физичко лице е многу мала, односно предвидените пет милиони денари од буџетот на Градот за оваа намена нема да дадат никаков ефект во однос на заштита на животната средина во главниот град или намалување на загадувањето, како што е наведено во образложението на одлуката.

Иако од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска објаснија дека се работи за пилот проект кој ќе треба да ја покаже заинтересираноста на скопјани за купување на ваков вид нови возила, за советниците ваквото субвенционирање е „фрлени пари во ветар, без никаков конкретен ефект“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...