КУЛТУРА

Гоце Стевковски за плановите на националниот џез оркестар: Имаме одлична публика која го препозна нашиот квалитет

Многу концерти и евенти, музички работилници, концерти за деца, концерти на биг бендот надвор од земјава предвидува годишната програма на оркестарот за џез музика

Минатата недела, со владина одлука се формираше Оркестар за џез музика во Република Македонија. Според Министерството за култура, основна дејност на Оркестарот за џез-музика е подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела, од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа класична култура на 21 век. Овој оркестар се формира со институционализација на оркестарот кој веќе 7 години функционира во рамките на Здружението на џез музичар какао ЗЏМ Би бенд. Во него, Џијан Емин го има диригентското место, а Гоце Стевковки, свири на тапани. Со него, поразговаравме околу плановите и годишната програма за 2023 година.

Имате изјавено дека оркестарот брои 20  членови, тоа значи дека оваа бројка ќе остане и понатаму?

СТЕВКОВСКИ: Да, тоа е по систематизација и описот на работно место  за овој вид оркестар џез биг бенд но, секако ќе треба да се дополнат одредени позиции кај солистите. Но, тоа понатака.

Дали ќе работите и на откривање млади таленти?

СТЕВКОВСКИ: Секогаш, со тоа што во иднина сите оние што имаат афинитети и  знаење ќе може  да присуствуваат на заедничките проби  и да земат учество. Но, се уште е рано да зборуваме за тоа бидејќи допрва следи  формирање на институционалните механизми.

На кој успех сте најмногу горди како дел од Здружението за џез музичари?

СТЕВКОВСКИ: Јас би зборувал за заедничките успеси. Највеќе на тоа дека имаме одлична публика која го препозна нашиот квалитет. 🙂.  Биг бендот  за овие 7 години успеа да даде голем број концерти од кои би ги издвоил настапот на денови на македонска музика каде имавме чест да настапиме на деновите на македонска музика во организација на СОКОМ каде ни врачија награда за најдобра изведба на Македонски автори. Потоа настапот со греми добитникот Курт Елинг на Загреб џез фестивал, Луис Бонила, Франческо Беарѕати, Новогодишните концерти со македонската филхармонија и др. Сето ова беше еден возбудлив период кој сметам дека заслужено резултираше со формирање на институцијата Оркестар за џез музика.

На какви се инструменти се свири во овој оркестар?

СТЕВКОВСКИ: Труби, сасксофони, тромбони, тапани, перкусии, пијано, контрабас и гитара.

Дали имате програма за оваа година, покрај фестивалот на 30.04 ?

СТЕВКОВСКИ: Да започнам со некои од имињата кој ќе настапат на 30.04  Учество ќе земат Филип Динев со неговото интернационално трио, потоа една африканска звезда Адедежи кој е планиран да настапи со неговиот бенд и соработка со наши музичари потоа биг бендот ќе го свири материјалот за Френк Запа каде гости пејачи ќе бидат Сашо Гигов и Калина Велковска, потоа Јуре Пукаљ со исто така една американско словенечка екипа и уште многу други. Во продолжение Биг бендот за годишната програма за 2023 планирано е да следат одлични концерти пред се од македонските автори потоа во план е  гостување на Диригентот Зиги Фајгл кај што ќе изведеме концерт со музика од Чарли Мингус, па настап со познатиот Пјер Милет како и на нашите гитарски херои со биг-бендот на ЗЏМ

Што предвидува таа?

СТЕВКОВСКИ: Многу концерти и евенти, музички работилници, концерти за деца, концерти на биг бендот надвор од земјава.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...