ИНФО

РАБОТНА АКЦИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА: Се косат тревници и поправа канализација

Во Кисела Вода се одвива пролетна акција за косење на тревата и се уредува парковото зеленило во урбаната заедница 11 Октомври Згради. Фокусот е ставен на трим патеката која најмногу се користи од рекреативците. Се коси и во Пржино и Црниче, а од вчера и во селото Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови, па така утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и по трим патеката.

Истовремено, жителите на населбата Градинар ќе добијат нова фекална канализациона мрежа долга 2.4 километри. По завршувањето на активностите за изградба на фекалната канализација, Општина Кисела Вода ќе изврши асфалтирање на теренот. Се работи за улици на површина од околу 12 000 квадратни метри.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...