Во периодот од 09:00 до 15:30 часот, без струја ќе останат корисниците од селата Кучково и Грачани во општина Ѓорче Петров.
Од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат жителите од ул. „Тодор Александров“ лоцирани на потегот од ОУ „Кочо Рацин“ до маркет Водно во општина Центар.
Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Багдадска“, „Дрезденска“, „Рузвелтова“, „Борка Талески“ и „Ристо Равановски“ во Општина Карпош.
Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Пехчевска“ и „Париска комуна“ и дел од улицата „Валандовска“ во населбата Хиподром во Оптина Гази Баба.
Leave a comment