ИНФО

Нова фасада за зграда на Илинденска

Со обновувањето кое треба да биде готово до крајот на јуни, станарите ќе добијат енергетска ефиканост и нов лик на станбениот објект.  

Се реконструира фасадата на зградата бр. 81 на булеварот Илинден.  Со поправката што опфаќа површина од 2.200 квадратни метри, станарите ќе добијат енергетска ефиканост и нов лик на станбениот објект.  Предвидено е обновувањето да трае до крајот на јуни оваа година.

„Ќе се задржи нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Реконструкцијата подразбира поставување термичка изолација врз целата фасада, како и изведување на други градежно-занаетчиски работи што се неопходни за нејзина реализација (лимарски работи, демонтажа на уреди за ладење и греење, натстрешници, решетки и сл.).

За реализацијата на овој проект Општина Центар одвои 70 % од вкупната инвестиција, а 30 % се инвестиција на Заедницата на сопственици на станови на бул. „Илинден“ бр. 81.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...